свет

ОН: Мигрантите и бегалците во Источна Африка сѐ повеќе незаштитени против Ковид-19

Во земјите од Источна Африка откриени се околу 350.000 случаи на Ковид-19, додека над 6.000 лица починаа како последица на овој вирус

Gökhan Kavak   | 21.01.2021
ОН: Мигрантите и бегалците во Источна Африка сѐ повеќе незаштитени против Ковид-19

ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународната организација за миграција (IOM) при Обединетите нации (UN) упати предупредување дека мигрантите и бегалците во земјите од Источна Африка сѐ повеќе се незаштитени против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Зголемениот број случаи на Ковид-19 во земјите од Источна Африка негативно влијаат врз раселените мигранти и бегалци“, се вели во писменото соопштение на Организацијата.

Се истакнува дека сиромаштијата негативно влијае врз пристапот до медицински материјали и здравствена опрема, и дека мигрантите и бегалците сѐ повеќе се незаштитени против Ковид-19.

Според соопштението, бегалците во некои земји се изложени на злоупотреба.

Според податоците на ИОМ, над 6 милиони лица во земјите од Источна Африка биле принудени да мигрираат поради различни причини.

Меѓу другото, во земјите од Источна Африка откриени се околу 350.000 случаи на Ковид-19, додека над 6.000 лица починаа како последица на овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın