свет

Окупацијата на ЈПГ/ПКК на нафтените полиња скапо го чинеше Асад

Во Сирија, на местата кои се под контрола на режимот на Башар ал Асад, започна нафтена криза. Окупацијата на терористичката организација ЈПГ/ПКК на 70 отсто од нафтените полиња на земјата се покажува како една од главните причини за кризата

Adham Kako,Levent Tok,Eşref Musa,Ömer Koparan   | 16.04.2019
Окупацијата на ЈПГ/ПКК на нафтените полиња скапо го чинеше Асад

АНКАРА (АА) – Во Сирија, на местата кои се под контрола на режимот на Башар ал Асад, започна нафтена криза. Окупацијата на терористичката организација ЈПГ/ПКК на 70 отсто од нафтените полиња на земјата се покажува како една од главните причини за кризата, јавува Anadolu Agency (AA).

Сирија, пред започнувањето на граѓанската војна успеваше да ја задоволи потребата за гориво преку рафинирање на сопствена нафта. Од неодамна се случува криза во областите што се контролирани од страна на режимот на Асад. 

Окупацијата на терористичката организација ЈПГ/ПКК на 70 отсто од нафтените полиња на земјата се покажува како една од главните причини за кризата. 

Трговијата со нафта меѓу режимот и терористичката организација се спроведува, но поради војната рафинериите кои ќе ја обработуваат нафтата, се уништени, а тоа спречува да се обработува суровата нафта. 

Според информациите на АА во провинциите Дамаск, Алепо, Латакија и Тартус, пред бензинските пумпи има редици од стотици возила. 

Во центарот на градот сообраќајот е блокиран, а сопствениците на возилата спијат во возилата. 

По избивањето на кризата, режимот на граѓаните им даде бонови за полнење бензин. Со тие бонови граѓаните во одреден износ, во одреден временски интервал ќе може да купуваат бензин. 

Соодветно на тоа, сопствениците на патничките автомобили на секои пет дена ќе може да купуваат вкупно 20 литри бензин, додека сопствениците на комерцијални возила на секои 48 часа ќе може да купуваат вкупно 20 литри бензин. 

- Зголемување на инфлацијата 

Покрај проблемите со снабдување со бензин, и трошоците за граѓанската војна, исто така, предизвикаа инфлација, па така, цената за еден литар бензин во Сирија се искачи на 1000 сириски лири (околу 1,5 евро). 

Платата на државните службеници во регионите што се под контрола на режимот, е околу 40.000 сириски лири (околу 60 евра). 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın