свет

ОИС ќе свика итен состанок за Палестина

Организацијата за исламска соработка објави дека наскоро ќе свика итен состанок на ниво на министри за надворешни работи за да ја разгледаат неодамнешната изјава на израелскиот премиер Нетанјаху

Ali Abo Rezeg   | 11.09.2019
ОИС ќе свика итен состанок за Палестина

ЏЕДА (АА) - Организацијата за исламска соработка (ОИС) денеска објави дека наскоро ќе свика итен состанок на ниво на министри за надворешни работи за да ја разгледаат неодамнешната изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Anadolu Agency (AA).

Бенјамин Нетанјаху, вчера, за време на изборен собир вети дека ако победи на општите избори закажани за 17 септември, ќе анектира делови од окупираните територии во Западниот Брег - вклучувајќи го северниот дел на Мртвото Море и Јорданската Долина.

Генералниот секретар на ОИС, Јусеф бин Ахмад ал Отаимен, остро ја осуди ваквата намера на Нетанјаху да го наметне суверенитетот на Израел врз палестинските територии, во случај тој да победи на израелските општи избори.

Тој, исто така нагласи дека оваа опасна објава претставува уште една агресија против правата на палестинскиот народ.

Ал Отаимен изјави дека на состанокот ќе се дискутира за можните политички и легални мерки кои можат да бидат преземени за спротивставување на новата агресија од Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın