свет

Од вирусот Ковид-19 во Кина починаа 6 членови на медицинскиот персонал

- Ковид-19 е откриен кај 1.716 припадници на медицинскиот персонал. Се дознава дека 1.502 од нив се заразиле со вирусот во провинцијата Хубеи. - 33 земји од светот, меѓу кои и Турција и 4 меѓународни организации, ѝ испратија помош на Кина

Fuat Kabakcı   | 14.02.2020
Од вирусот Ковид-19 во Кина починаа 6 членови на медицинскиот персонал

ПЕКИНГ 

Од епидемијата на новиот тип коронавирус Ковид-19, што владее во Кина, заразени се 1.716 припадници на медицинскиот персонал, а шест од нив ги загубија животите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од почетокот на брзото ширење на епидемијата со вирусот Ковид-19 досега, во провинцијата Хубеи се испратени 189 медицински тимови со вкупен медицински персонал од 21.569 лица.

Ѕинг Јишин, заменик-директор на Комисијата за национално здравство на Кина, организираше прес-конференција на која соопшти дека од вкупниот медицински персонал што се бори против епидемијата, со вирусот Ковид-19 се заразиле 1.716 лица. Тој рече дека од нив 1.502 лица се заразиле во провинцијата Хубеи.

Ѕинг информираше дека 6 члена на медицинскиот персонал ги загубиле животите како последица на заразата со Ковид-19.


- 33 земји испратија помош до Кина во борбата против епидемијата на Ковид-19

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Шуанг Гинг, организираше прес-конференција преку социјалната пратформа „WeChat“. Тој информираше дека заклучно со денес, помош на Кина ѝ испратиле 33 земји, меѓу кои и Турција и 4 меѓународни организации.

Истакнувајќи дека Кина верува во сопствената моќ во борбата против епидемијата во земјата и е способна да се справи со тоа прашање, портпаролот Гинг изјави: „Со задоволство ја поздравуваме меѓународната заедница, особено искрената поддршка и пријателската помош од земјите во развој и се заблагодаруваме за тоа.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.