свет

Обработливото земјиште во Египет се наводнува со традиционални тркала повеќе од 2.000 години

– Фејум е еден од регионите на северот на земјата каде што активно се користат водните тркала. Во областа има повеќе од 200 водни тркала.

Halime Afra Aksoy  | 02.03.2022 - Обновена : 03.03.2022
Обработливото земјиште во Египет се наводнува со традиционални тркала повеќе од 2.000 години Фото: Ахмед Ал Сајед / АА

КАИРО (АА)

– Ибрахим Ел ХАЗИН


Водните тркала направени од дрво, кои датираат од пред 2.300 години во Египет, и денес ја одржуваат својата функционалност, иако нивниот број е намален во споредба со минатото, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Египет за наводнувањето на земјоделските површини се користат различни методи. Механизмот на тркалото за вода, кој се наоѓа меѓу овие методи, се користи приближно 2.300 години.

Фејум е еден од регионите на северот на земјата каде што активно се користат водните тркала. Во областа има повеќе од 200 водни тркала.

Тркалата се подготвуваат за употреба од искусни мајстори по долги напори.


– Тркалата понекогаш достигнуваат тежина од 1 тон

Подготовката на тркалата траат неколку недели. За поставувањето на водните тркала се користат трактори и градежна опрема. Тркалата понекогаш достигнуваат тежина од 1 тон.

Според историските извори, системот за наводнување со водни тркала се користи повеќе од 2.000 години, особено во областа Фејум, Египет, каде што тркалата почнале да се градат пред 2.300 години.

Наслагите од кал и остатоците од ѓубре кои се формираат на тркалата со текот на времето, исто така се чистат редовно за да не се попречи работата на механизмот.

​​​​​​​

– Тркалата станаа културен белег

Водните тркала, покрај тоа што се функционални во наводнувањето на полињата, имаат важно место во секојдневниот живот на населението и во египетската култура.

Покрај тоа што користењето на водните тркала е релативно помала во денешно време, тие се дел од тематските филмови и песни од египетскиот период.

Водните тркала се, исто така, еден од симболите на областа Фејум.

Плоштадот во центарот на Фејум се вика „Водно тркало“. Исто така, и во логото на градот има водно тркало. Плоштадот е меѓу местата каде што туристите одат да се фотографираат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.