свет

Новоизбраниот колумбиски претседател Петро: „Имав пријателска средба со Бајден“

- Густаво Петро, кој победи на претседателските избори одржани во Колумбија на 19 јуни, соопшти дека имале пријателска средба со американскиот претседател Џо Бајден

Sinan Doğan   | 22.06.2022
Новоизбраниот колумбиски претседател Петро: „Имав пријателска средба со Бајден“

БОГОТА (АА) - Густаво Петро, кој победи на претседателските избори одржани во Колумбија на 19 јуни, соопшти дека имале пријателска средба со американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во однос на телефонскиот разговор со Бајден на својот профил на Твитер, Петро напиша: „На патот кон поинтензивни и нормални дипломатски односи, имав многу пријателски состанок со претседателот на Соединетите Американски Држави, Бајден.“

Од друга страна, колумбискиот претседател Иван Дуке, на својот профил на Твитер му честиташе на Петро за изборната победа и додаде: „Како Колумбијци излеговме на избори, ги искажавме нашите ставови. Првото нешто што мора да се прифати за да се одбрани демократијата е гласот на народот. Ја изразив мојата поддршка за транспарентна и ефективна транзиција.“

Петро во своето обраќање на ноќта на изборите, рече: „Време е да разговараме со американската Влада. Предлагам сите влади на Северна и Јужна Америка да седнат и да разговараат за да се забрза енергетската транзиција.“

Во вториот круг од претседателските избори одржани во Колумбија на 19 јуни, Петро, левичарскиот кандидат на Коалицијата „Историски пакт“, беше избран за 60-ти претседател на земјата со освоени 50,46 отсто од гласовите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın