свет

Нетанјаху вети припојување на еврејските населби во Хеброн кон Израел

Нетанјаху изјави дека доколку победи на изборите и доколку формира коалициска влада, подрачјата во кои живеат еврејските доселеници во Хеброн, ќе бидат припоени кон Израел

Mustafa Deveci   | 16.09.2019
Нетанјаху вети припојување на еврејските населби во Хеброн кон Израел

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека со анексија Израел ќе ги припои еврејските населби во Хеброн, сместен на окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).

Нетанјаху во интервју за еден израелски медиум, во пресрет на предвремените избори, даде ново ветување за кое се надева дека ќе му донесе додатни гласови.

Имено, Нетанјаху изјави дека доколку победи на изборите и доколку формира коалициска влада, подрачјата во кои живеат еврејските доселеници во Хеброн, ќе бидат припоени кон Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера го повтори предизборното ветување дека со анексија на Израел ќе припои поголем дел од окупираниот Западен Брег.

„Ќе го прошириме израелскиот суверенитет во Јорданската Долина и подрачјето на Мртвото Море штом формираме нова влада“, рече Нетанјаху на седницата на израелската Влада која за првпат од окупацијата на Западниот Брег се одржа во Јорданската Долина.

Нетанјаху на 4 септември го посети Хеброн каде што порача дека никој оттаму нема да ги истера.

„Ние во Хеброн не сме странци, и овде ќе останеме засекогаш“, рече тогаш Нетанјаху.

Во стариот дел на Хеброн живеат околу 400 еврејски доселеници, кои ги штитат 1.500 израелски војници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın