свет

Независни експерти на ОН загрижени од одлуката на Јапонија да испушти радиоактивни отпадни води во морето

„Испуштањето на отпадните води во морската средина претставува голем ризик за целиот спектар на човекови права на Јапонија и за популацијата надвор од нејзините граници“

Ahmet Furkan Mercan   | 16.04.2021
Независни експерти на ОН загрижени од одлуката на Јапонија да испушти радиоактивни отпадни води во морето

ТОКИО (АА) - Независни експерти за човекови права при Обединетите нации (ОН) истакнаа дека е многу загрижувачка одлуката на Јапонија радиоактивните отпадни води од Фукушима да ги испушти во морето, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во заедничката изјава објавена од тројца независни експерти за човекови права на ОН, Маркос Орелано, Мајкл Фахри и Дејвид Бојд, се наведува дека е загрижувачка одлуката за испуштање на отпадните води од нуклеарната централа „Фукушима Даи“.

Експертите кои ја доведуваат во прашање тезата на Владата во Токио дека трициумот во отпадните води што треба да се испуштат не претставува закана за здравјето на луѓето, истакнаа: „Оваа одлука е разочарувачка кога веќе има алтернативни решенија за проблемот“.

„Испуштањето на отпадните води во морската средина претставува голем ризик за целиот спектар на човекови права на Јапонија и за популацијата надвор од нејзините граници“, додаваат експертите на ОН.

Јапонскиот премиер Суга Јошихиде соопшти дека пречистената отпадна вода акумулирана во нуклеарната централа „Фукушима Даи“, која беше оштетена во земјотресот што се случи пред 10 години на североистокот на земјата, ќе биде испуштена во морето.

Соседните земји Кина, Јужна Кореја и Тајван реагираа на одлуката на Владата во Токио.

Од друга страна Соединетите Американски Држави (САД) ја поздравија одлуката, а Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA) соопшти дека ја поддржува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın