свет

НАТО ќе пружи поддршка на украинските институции изложени на кибернапади

„Во наредните денови НАТО и Украина ќе потпишат договор за подобрена киберсоработка, вклучително и пристапување на Украина во ’платформата на НАТО за споделување информации за малициозен софтвер‘.“

Ömer Tuğrul Çam   | 14.01.2022
НАТО ќе пружи поддршка на украинските институции изложени на кибернапади

БРИСЕЛ (АА) - Експертите на НАТО пружија поддршка на Украина, чии државни институции денеска беа изложени на кибернапади, а НАТО и Украина наскоро ќе потпишат договор за киберсоработка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се огласи за кибернападот врз украинските државни институции.

Наведувајќи дека најостро ги осудува нападите, Столтенберг истакна дека експертите на НАТО за кибербезбедност во Брисел размениле информации за тековните киберактивности со украински експерти.

Тој изјави дека експертите на НАТО ги поддржале и украинските власти на терен, додавајќи:

„Во наредните денови НАТО и Украина ќе потпишат договор за подобрена киберсоработка, вклучително и пристапување на Украина во ’платформата на НАТО за споделување информации за малициозен софтвер‘.“

Веб-страниците на некои институции во Украина, вклучително и на Министерството за надворешни работи, беа хакирани во текот на изминатите денови.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Олег Николенко, објави дека веб-страниците на министерствата и некои јавни институции се затворени поради широкораспространети кибернапади.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın