свет

НАТО: „Турција е важен сојузник во борбата против тероризмот“

„Турција е многу значаен сојузник во борбата против тероризмот“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за новинарите во Брисел

Diyar Güldoğan   | 11.09.2019
НАТО: „Турција е важен сојузник во борбата против тероризмот“

БРИСЕЛ/АНКАРА (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтеберг, денеска изјави дека Турција е значаен сојузник во меѓународните напори во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција е многу значаен сојузник во борбата против тероризмот“, изјави Столтенберг за новинарите.

Тој ги даде овие изјави на церемонијата во седиштето на НАТО во Брисел по повод комеморацијата за терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Столтенберг изјави дека денеска телефонски разговарал со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека Турција била една од водечките земји во мировните мисии во Авганистан.

Тој додаде дека Турција, исто така е клучна земја во борбата против ДЕАШ во Ирак и Сирија, и дека без нејзиниот придонес би било многу потешко да се стекнат придобивки против ДЕАШ.

Шефот на НАТО исто така ја пофали соработката меѓу Турција и САД во северниот дел на Сирија.

- Комеморација за 11.9.2001 година -

„Овој меморијал симболизира дека нападот на 11.9.2001 година против Соединетите Американски Држави (САД), бил исто така напад и кон сите сојузници на НАТО“, изјави Столтенберг, говорејќи пред Меморијалот на Кулите близначки.

Тој додаде дека во пресрет на овој напад, за прв и единствен пат во историјата на НАТО, Алијансата потсетила на својата колективна кауза за одбрана - член 5, во која се вели дека напад против која било земја во Алијансата е напад против сите.

Убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен, ја презеде одговорноста за нападите на 11 септември 2001 година врз Кулите близначки во Њујорк, како и врз Пентагон.

На овој ден пред 18 години, речиси 3.000 лица беа убиени, вклучувајќи граѓани на 77 земји.

Уште стотици лица кои притрчале во прва помош загинале поради болест која ја добиле додека се обидувале да спасат животи во чадот и урнатините исполнети со прашина од нападите, особено во Њујорк, каде што воздухот го исполнија големи облаци од темна пепел.

„На 11.9.2001 година терористите ги уништија Кулите близначки. Но тие никогаш нема да го уништат нашиот начин на живот, нашите слободни и отворени општества“, изјави Столтенберг.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın