свет

НАТО: Работиме на решавање на легитимните грижи на Туркије

- „Турција има легитимни безбедносни грижи. Работиме заедно со Финска и Шведска да ги елиминираме“

Ömer Tuğrul Çam   | 23.06.2022
НАТО: Работиме на решавање на легитимните грижи на Туркије

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во врска со апликациите на Шведска и Финска за членство во НАТО изјави дека загриженоста на Туркије (Турција) е легитимна и дека тие работат на нејзино отстранување, јавува Агенција Анадолија (АА).

Столтенберг во седиштето на НАТО се сретна со чешкиот премиер Петр Фиал, по што даде изјава за медиумите.

Тој рече дека барањата за членство на Финска и Шведска ќе биде една од темите на кои ќе се разговара на Самитот на НАТО во Мадрид од 28 до 30 јуни. Тој ги окарактеризира овие барања како историски.

Нагласи дека се разгледуваат безбедносните грижи на сите членки и дека сакаат да се постигне напредок во пристапниот процес.

„Турција има легитимни безбедносни грижи. Работиме заедно со Финска и Шведска да ги елиминираме“, нагласи Столтенберг.

Тој се осврна и на други теми на кои ќе се разговара на Самитот, вклучително и помош за Украина, трошоците на НАТО и поделбата на товарот, а на лидерите се очекува да им се обрати и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın