свет

НАТО одржува големи воени вежби низ Европа

Две од најголемите вежби, 'Брз одговор' и 'Одбрана Европа', со околу 18.000 војници од 20 земји, моментално се одржуваат во Полска и во осум други земји членки

Ahmet Gençtürk   | 14.05.2022
НАТО одржува големи воени вежби низ Европа

АНКАРА (АА) - НАТО вчера соопшти дека воената алијанса одржува големи вежби низ Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Две од најголемите вежби, 'Брз одговор' и 'Одбрана Европа', со околу 18.000 војници од 20 земји, моментално се одржуваат во Полска и во осум други земји членки“, се наведува во соопштението на НАТО.

Во меѓувреме, во Естонија, 15.000 трупи од 14 земји се вклучени во вежбата „Еж“, со учество на десантниот брод на американската морнарица „Кеарсарџ“ од класата „Оса“.

„Во вежбата 'Железен волк' во Литванија се вклучени 3.000 војници на алијансата и околу 1.000 возила, вклучително и германските тенкови 'Леопард 2'“, се вели во соопштението.

Портпаролот на НАТО, Оана Лунгеску, истакна дека вежбите биле планирани пред руската војна против Украина, што започна на 24 февруари.

„Вежбите како овие покажуваат дека НАТО стои силно и подготвено во заштита на нашите нации и во одбрана од каква било закана“, нагласи таа.

„Ваквите вежби помагаат да се отстрани каков било простор за погрешна пресметка или недоразбирање за нашата одлучност да ја заштитиме и браниме секоја педа од територијата на алијансата“, додаде Лунгеску.

Најмалку 3.573 цивили загинаа, а 3.816 се повредени од почетокот на руско-украинската војна, според проценките на Обединетите нации. Се верува дека вистинскиот број е многу поголем.

Според Агенцијата за бегалци на ОН, над 6 милиони луѓе пребегнале во други земји, а околу 7,7 милиони се внатрешно раселени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın