свет

Напад на Хусите врз саудиски меѓународен аеродром, повредени 26 лица

„Непријателски проектили паднаа рано денес во просторијата за пристигнувања на аеродромот „Абха“, низ која илјадници патници поминуваат секој ден“

Ali H. M.Abo Rezeg   | 12.06.2019
Напад на Хусите врз саудиски меѓународен аеродром, повредени 26 лица

Yemen

РИЈАД (АА) - Јеменските Хуси го гаѓаа саудискиот Меѓународен аеродром „Абха“ кој се наоѓа во јужниот дел на земјата, при што повредени 26 патници, пренесува Anadolu Agency (AA).

Саудиската коалиција го потврди нападот извршен од јеменските бунтовници врз меѓународниот аеродром.

Портпаролот на коалицијата, полковникот Турки ал Малики, беше цитиран во соопштение објавено од Саудиската новинска агенција (SPA), велејќи: „Непријателски проектили паднаа рано денес во просторијата за пристигнувања на аеродромот „Абха“, низ која илјадници патници поминуваат секој ден“.

Ал Малики го опиша нападот како терористички акт.

Тој додаде дека во нападо се повредени најмалку 26 цивили од различни националности.

Претходно, во текот на денешниот ден, бунтовничката група на Хусите презеде одговорност за нападот на аеродромот „Абха“, велејќи дека нивна ракета директно ја погодила целта.

Хусите од септември 2014 година ги држат под контрола јеменскиот главен град Сана, и некои други подрачја. Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат поддршка на јеменската Влада против Хусите.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), оттогаш десетици илјади Јеменци, вклучувајќи и цивили, биле убиени во конфликтот, а уште 14 милиони се изложени на ризик од глад.

Според бројките на ОН, Јемен се соочува со една од најлошите хуманитарни кризи во светот, при што над 10 милиони луѓе се донесени на работ на гладта. Повеќе од 22 милиони луѓе во Јемен се очајни за хуманитарна помош и заштита.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın