свет

Нападот врз џамија во Норвешка ги скара Шведска и Норвешка

„Во Скандинавија центарот на расистичките групи е во Шведска, Норвешка мора да преземе мерки против тоа“

Atila Altuntaş   | 13.08.2019
Нападот врз џамија во Норвешка ги скара Шведска и Норвешка

СТОКХОЛМ (АА) - Норвешката премиерка Ерна Солберг, истакнувајќи дека Шведска е центар на расистичките групи во Скандинавија, рече дека Норвешка треба да преземе мерки против таа појава, пренесува Anadolu Agency (AA).

Солберг, за нападот во џамијата Исламски центар „Ел Нур“ во градот Барум во Норвешка, ја обвини Шведска.

Укажувајќи дека центарот на екстремната десничарска организација „Скандинавско движење на отпорот“ се наоѓа во Шведска, Солберг нагласи: „Во Скандинавија центарот на расистичките групи е во Шведска, Норвешка мора да преземе мерки против тоа.“

Забележувајќи дека тие групи доаѓаат во Норвешка и реализираат напади, Солберг истакна дека е потребна заедничка борба против тие групи.

- „Остар“ одговор од Шведска -

Шведска многу остро реагираше на изјавата на норвешката премиерка Солберг.

Шведскиот министер за енергетика, Андерс Игеман, во објава на Твитер, потсетувајќи дека Солберг двапати формираше влада со екстремно десничарската Партија за развој, позната по антиимиграцијата, рече дека треба „да се погледне во огледало“.

Покрај тоа, Игеман, во изјавата за најголемиот дневен весник во земјата „Афтонбалдет“ (Aftonbaldet), рече: „Во борбата против екстремизмот важна е соработката меѓу земјите, но вие соработувавте со екстремно десничарската Партија за развој, а екстремно десничарскиот политичар Силви Листахауг го направивте министер. Затоа треба да се погледнете во огледало.“

Игеман, исто така истакна дека Норвешка треба да се соочи со фактите.

„Не е во ред да се обвинуваат десничарите од Шведска. И Андерс Брејвик, кој масакрираше 77 лица, беше член на Партијата за развој“, рече Игеман.

Во градот Барум, во саботата вооружени лица ја нападнаа џамијата во Исламскиот центар „Ел Нур“. Во нападот едно лице беше повредено, а осомниченото лице беше притворено.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın