свет

Намалувањето на населението предизвикува загриженост во Бугарија

„Додека 53 % од овој пад е предизвикан од бројот на раѓања кои се под стапката на смртност, преостанатите 47 % отпаѓаат на миграцијата“

Ihvan Radoykov   | 14.01.2022
Намалувањето на населението предизвикува загриженост во Бугарија

СОФИЈА (АА) - Бугарските власти изразија загриженост поради намалувањето на населението во земјата, чиј број се намали за 11,5 отсто во изминатата деценија, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на Парламентарната комисија за бугарските иселеници, шефот на Националниот институт за статистика, Сергеј Цветарски, соопшти дека населението во земјата се намалило за над 840.000 луѓе во последните десет години.

„Додека 53 % од овој пад е предизвикан од бројот на раѓања кои се под стапката на смртност, преостанатите 47 % отпаѓаат на миграцијата“, рече Цветарски.

Тој истакна дека околу 950.000 бугарски државјани емигрирале од 2007 година, кога земјата се приклучи на ЕУ, во разни западноевропски земји како Германија, Велика Британија, Холандија, Белгија и Италија.

Економистот Петар Ганев истакна дека минатата година во Бугарија починале над 147.000 луѓе, за што рече дека е рекордна бројка, додавајќи дека пред пандемијата на Ковид-19 оваа бројка изнесувала приближно 107.000.

Посочувајќи дека коронавирусот не е единствениот фактор за порастот на смртните случаи, Ганев рече дека во европските земји бројката варира во зависност од текот на пандемијата.

„Сепак, другите земји можеа да го контролираат овој фактор. Ние не можевме. Во моментов, бројот на вакцинирани граѓани е околу 2 милиони. Тие сочинуваат само 30 % од населението“, додаде Ганев.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.