свет

Мухамед бин Зајед избран за нов претседател на ОАЕ

Овој чекор уследи откако претседателот на ОАЕ, шеик Халифа бин Зајед ал Нахјан, почина вчера во 73-та година од животот

Ekipa   | 14.05.2022
Мухамед бин Зајед избран за нов претседател на ОАЕ

АНКАРА (АА) - Престолонаследникот на Абу Даби, Мухамед бин Зајед ал Нахјан, денес е избран за нов претседател на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Федералниот врховен совет го избира Мухамед бин Зајед за претседател на ОАЕ“, објави државната новинска агенција ВАМ преку Твитер.

Овој чекор уследи откако претседателот на ОАЕ, шеик Халифа бин Зајед ал Нахјан, почина вчера во 73-та година од животот.

Заменик-претседателот на ОАЕ, Мухамед бин Рашид ал-Мактум, од своја страна, вети приврзаност на идниот претседател.

„Денес, Федералниот врховен совет го избра мојот брат, неговото височество шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан, за претседател на државата“, објави преку Твитер Бин Рашид, кој исто така е и челник на Дубаи. „Му честитаме, и ние и нашиот народ му ветуваме верност.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın