свет

Министерството за одбрана на Азербејџан: „Ерменија не го почитува примирјето“

Во соопштението на ова министерство се наведува дека ерменските сили отвориле артилериски и минофрлачки оган врз зони во околината на градот Џебраил и во ослободените села покрај реката Араз

Ruslan Rehimov   | 18.10.2020
Министерството за одбрана на Азербејџан: „Ерменија не го почитува примирјето“

БАКУ 

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека Војската на Ерменија не го почитува привременото хуманитарно примирје, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на ова министерство се наведува дека ерменските сили отвориле артилериски и минофрлачки оган врз зони во околината на градот Џебраил и во ослободените села покрај реката Араз.

Според соопштеното, нема загинати меѓу азербејџанските војници, а даден е потребниот одговор против ерменските сили.

Се истакнува дека азербејџанската Војска продолжува со соодветни активности по должината на целиот фронт.

Во друго соопштение на Министерството за одбрана на Азербејџан се нагласува дека до стапувањето во сила на примирјето, уништени се бројна воена опрема, возила, различни системи и оружја на ерменската Војска.

Во соопштението се вели дека азербејџанската Војска е во предност на целиот фронт.

Инаку, синоќа во 00:00 часот по локално време стапи во сила привременото хуманитарно примирје за кое беше постигнат договор помеѓу Азербејџан и Ерменија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.