свет

Меј повика на соработка против екстремистичката содржина на интернет

- Меј изјави дека нејзината порака до владите и интернет-компаниите во Париз ќе биде да работат заедно и да ги искористат комбинираните технички способности за да спречат какво било споделување на содржини со омраза од ваков вид

Ahmet Gürhan Kartal   | 15.05.2019
Меј повика на соработка против екстремистичката содржина на интернет

London, City of

ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка, Тереза Меј, денес, пред започнувањето на Самитот во Париз, изјави дека ќе бара цврста соработка меѓу владите и интернет-компаниите за отстранување на содржините за тероризмот на интернет, јавува Anadolu Agency (AA).

Глобалните лидери и врвните директори на интернет-компаниите присуствуваат на Самитот за да дискутираат за начините како да се справат со екстремистичките содржини на интернет.

Самитот е организиран на иницијатива на францускиот претседател, Емануел Макрон, и на иницијатива на премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, како одговор на нападите на џамиите во Крајстчрч во март, Самитот за онлајн-екстремизам ќе се фокусира на меѓународните напори за да се стави крај на тоа социјалните медиуми да бидат користени за организирање и промовирање на тероризмот.

Неколку часа пред Самитот, Меј изрази загриженост дека видеото од нападот во џамијата во Крајстчрч е сè уште достапно на интернет.

„Тоа што 1,5 милиони копии од видеото мораа да бидат остранети од Фејсбук и сè уште можеа да бидат пронајдени на „Јутуб“ осум часа откако за прв пат беа поставени, е силен потсетник дека мора да направиме повеќе за да ја отстраниме оваа содржина и да ја запреме да се емитува онлајн“, изјави таа.

Потврдувајќи дека е направен значаен напредок во врска со ова прашање, откако терористите ја нападнаа Велика Британија во 2017 година, таа изјави дека емитувањето во живо на неодамнешните напади ги откриле недостатоците во одговорите на Владата и потребата да се задржи чекор со брзото менување на технолошкиот развој.

Меј изјави дека нејзината порака до владите и интернет-компаниите во Париз ќе биде да работат заедно и да ги искористат комбинираните технички способности за да спречат какво било споделување на содржини со омраза од ваков вид.

Самитот беше поттикнат од ужасните напади на џамиите во Крајстчрч во март. Во нападите загина 51 муслиман, а масовното убиство во џамијата „Ал Нур“ беше пренесувано во живо на Фејсбук.

На Самитот во Париз ќе се осмислат меѓународните напори за да се стави крај на користењето на социјалните медиуми за организирање и промовирање на тероризмот.

Во соопштението издадено од организаторите на Самитот се вели дека се очекува присутните да потпишат и заеднички завет, наречен „Крајстчрч повик за акција“, за елиминирање на терористичката и насилна екстремистичка содржина на интернет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.