свет

Меѓународниот аеродром во Хонг Конг повторно оперативен

Вчера беа откажани сите летови на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг поради интензивирањето на протестите

Fuat Kabakcı   | 13.08.2019
Меѓународниот аеродром во Хонг Конг повторно оперативен

ПЕКИНГ (АА) – Повторно е оперативен Меѓународниот аеродром во Хонг Конг, чии летови беа прекинати поради општата одлука за штрајк во врска со Нацрт-законот со кој се олеснува екстрадицијата на виновниците во Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според весникот „Синг тао дејли“ од Хонг Конг, вчера беа откажани сите летови на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг поради интензивирањето на протестите. Откажани се над 200 летови.

Од денес, аеродромот за некои летови е повторно оперативен. Авиокомпанијата од Хонг Конг „Cathay Pacific Airways“ имаше ограничен број летови.

Протестите започнаа во петокот, во делот за пристигнување на патниците, вчера се проширија и во делот откаде што заминуваат патниците.

Зголемениот број демонстранти го забави процесот на пријавувањето на патниците, а потоа сите летови беа откажани.

Меѓународниот аеродром во Хонг Конг е еден од најфреквентните аеродроми во светот, има околу 1.000 летови дневно и опслужува во просек 75 милиони патници годишно.

- Протести во Хонг Конг -

Кинескиот посебен административен регион Хонг Конг се најде на првото место во светската агенда на протести кои се одржуваат во врска со Нацрт-законот со кој се олеснува екстрадицијата на виновниците во Кина.

Поради протестите кои започнаа на 15 јуни дебатата за Нацрт-законот беше прекината. Но демонстрантите најавија дека ќе продолжат со протестите сѐ додека Законот не биде и формално повлечен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın