свет

Метју Брајза: „Путин ќе помогне со безбедносната зона, но сака помош во Идлиб“

Метју Брајза, виш соработник во Атлантскиот совет и поранешен шеф на персоналот на Националниот безбедносен совет во администрацијата на Џорџ В. Буш, за AA изјави дека Русија нема да ја запре воената операција на Турција

Vakkas Doğantekin   | 22.10.2019
Метју Брајза: „Путин ќе помогне со безбедносната зона, но сака помош во Идлиб“

АНКАРА (АА) - Денешниот состанок меѓу претседателите на Турција и Русија во врска со безбедносната зона во Сирија се очекува да биде позитивен, вели поранешен експерт за безбедност од Белата куќа.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Сочи ќе се состане со неговиот руски колега, Владимир Путин, за да разговараат за последните случувања и иднината на северна Сирија.

Метју Брајза, виш соработник во Атлантскиот совет и поранешен шеф на персоналот на Националниот безбедносен совет во администрацијата на Џорџ В. Буш, за Anadolu Agency (AA) изјави дека Русија нема да ја запре воената операција на Турција против терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

„Она што очекувам е дека ќе има позитивен резултат, дека претседателот Путин ќе продолжи со вклопување на единиците на ЈПГ во руските и сириските воени единици и преместува оперативците на ЈПГ, кои наскоро ќе бидат поранешни оперативци, надвор од безбедносната зона. Затоа што доколку не би го направил тоа, јас мислам: A) Русија изгледа како дипломатски слабак, што е спротивно на она што Путин го сака, и под Б) доколку работите излезат премногу о контрола меѓу Турција и ЈПГ, тоа не е добро за Русија, ниту за нас“, изјави Метју Брајза.

„Но, јас исто така мислам дека претседателот Путин ќе се обиде со тоа што ќе помогне за безбедносната зона да издејствува поголема помош од Турција за Идлиб против милициите кои Русија не ги сака. Но покрај тоа, јас мислам дека одвреме-навреме Русија можеби ќе дозволи неколку борци на ЈПГ полека да се враќаат за да ги држат работите напнати, исто како што прават во Јужен Кавказ, каде што јас поминав голем дел од мојата кариера“, додаде тој.

На 17 октомври Турција се сложи привремено да ја запре операцијата „Извор на мирот“ на 120 часа заради повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од планираната безбедносна зона.

- Антитурската агенда датира од 2003 година -

Во врска со намалениот број пријатели на Турција во американскиот Конгрес, тинк-тенк организациите и медиумите, Брајза рече дека Турција започнала да ја губи поддршката на тие групи на 1 март 2003 година, кога турското Големо национално собрание не дозволило САД да го искористат турското тло за еден од нивните фронтови за напад врз Ирак на Садам Хусеин.

„Да бидам искрен, тоа се очекуваше во Владата на САД, каде што всушност работев. Јас работев во Белата куќа во тоа време, вклучително и за работи поврзани со Турција, и бев проект-менаџер за убедување на Турција и големото Национално собрание да се согласат на нашето барање за инвазија на Ирак, преку Турција. И, неуспехот да се одобри тој глас беше шок низ сите највисоки нивоа на тогашната администрација на Буш“, рече Брајза.

„И тоа всушност го започна процесот на Централната команда на САД (CENTCOM), навредени од Турција и мислејќи дека Турција не се однесува како вистински и искрен сојузник на НАТО. Со други зборови, постои очекување дека доколку САД кажат „направете го тоа“, тогаш добар сојузник на НАТО се очекува да го стори тоа наместо да ги практикува сопствените национални интереси“, додаде тој.

Брајза, кој веќе седум години живее во Турција, рече дека негативниот став во ЦЕНТКОМ кон Турција „растел и растел“.

„И офицерите кои во број беа повеќе со чин помлади офицери на 1 март 2003 година кои го водеа тоа, сега се постари офицери“, изјави тој.

„Тие се во голем контакт со новинарите и се сметаат дека се најверодостојните гласови на теренот, потхранувајќи еден вид постојан проток на длабоко негативни вести за Турција“, додаде тој.

Брајза рече дека САД направиле смешен политички избор работејќи со терористичката организација ЈПГ во 2014 годинa, и за уште толку да ги влошат работите, американските војници воспоставиле како што рече непрофесионална емотивна врска со оваа група терористи со кои се бореле.

„Потоа, со текот на времето врската со ЈПГ стана политика кога ЦЕНТКОМ почна да се приврзува за ЈПГ отколку да спроведува тактичка и трансакциска алијанса во борбата против ДЕАШ, како што прво беше најавено“, додаде тој.

На прашањето дали Турција има сè уште пријатели во Пентагон, тој изјави дека антитурскиот став е распостранет во ЦЕНТКОМ, но дека Европската команда е полна со пријатели.

„Значи, Турција има многу пријатели во Пентагон“, истакна Брајза, додека го критикуваше фаустијанскиот договор на САД за користење на една терористичка организација против друга.

- Брет Мек Гурк непрофесионалец -

На прашањето дали Брет Мек Гурк, поранешниот американски претставник на глобалната коалиција против ДЕАШ, претерува со неговата серенада за ЈПГ, Брајза рече дека Мек Гурк прераснал во преголем емотивец и непрофесионалец.

„Не е работа ниту на дипломат, ниту на војник да е заслепен кон соработникот следејќи заедничка цел. Освен ако, се разбира, тоа е Алијансата на НАТО; тоа е различно. Ние сме сојузници со Турција. Ние сме сојузници со Германија. Ние сме сојузници со Велика Британија. И, природно е дека треба да чувствуваме емотивна приврзаност бидејќи ги делиме истите вредности“, рече тој.

Брајза истакна дека САД не споделуваат никакви вредности со ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.

„Тие се марксистичко-ленинистичка група што го користи тероризмот како алатка“, заклучи Брајза.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.