свет

Меркел: „Сериозно да се сфати опасноста од мутацијата на коронавирусот“

„Сега можеме да ја видиме опасноста од мутирањето на вирусот појасно отколку што можевме на самиот почеток на годината“, изјави Меркел, и додаде дека новата варијанта на коронавирусот...“

Ayhan Şimşek   | 21.01.2021
Меркел: „Сериозно да се сфати опасноста од мутацијата на коронавирусот“

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја бранеше стриктната политика на нејзината Влада која се однесува на „затворањето“ на земјата и повика да се воспостават построги мерки низ Европа со цел спречување на ширењето на мутацијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи на прес-конференција во Берлин, Мерлин ги повика луѓето во Германија и Европа посериозно да ја сфатат мутацијата на коронавирусот.

„Сега можеме да ја видиме опасноста од мутирањето на вирусот појасно отколку што можевме на самиот почеток на годината“, изјави Меркел, и додаде дека новата варијанта на коронавирусот, прво регистрирана во Обединетото Кралство, се проширила на неколку европски земји, вклучувајќи ја и Германија.

Врз основа на она што го знаеме, мутираната верзија на вирусот е многу позаразна отколку онаа со која живеевме минатата година.

„Тоа е причина за масовниот пораст на бројот на заразени во Ирска и Британија“, изјави таа.

Таа изјави и дека мутираната варијанта на вирусот не станала доминантна во Германија, но предупреди дека тоа не треба да биде причина за задоволство.

„Мораме да ја сфатиме оваа сериозна закана токму така, многу сериозно. Не можам доволно да го нагласам тоа. Мораме да го забавиме ширењето на новата варијанта, не смееме да дозволиме нов масовен пораст на случаите, бидејќи тогаш ќе биде веќе предоцна“, изјави таа.

Таа истакна и дека поради тоа Германија одлучила да го продолжи карантинот до 14 февруари и дека таквата мерка е донесена како мерка на претпазливост, и покрај фактот што бројот на новозаразените и тешко заразените пациенти е во пад во текот на претходните денови.

Канцеларката најави и дека во текот на денот, за време на видеоконференцијата на лидерите на ЕУ, особено ќе се фокусира на опасноста од мутираните верзии на вирусот и можните мерки низ Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.