свет

Меркел: „Расизмот е отров, и овој отров постои во нашето општество“

„Расизмот е отров, омразата е отров, и овој отров постои во нашето општество“, истакна Меркел на прес-конференцијат апо повод вооружениот напад во градот Ханау, во кој загинаа 9 лица

Erbil Başay   | 20.02.2020
Меркел: „Расизмот е отров, и овој отров постои во нашето општество“

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, коментирајќи го екстремниот десничарски терористички напад во Ханау, Германија, рече дека расизмот е отров, и дека тој отров постои во општеството, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Расизмот е отров, омразата е отров, и овој отров постои во нашето општество“, истакна Меркел на прес-конференцијат апо повод вооружениот напад во градот Ханау, во кој загинаа 9 лица.

Истакнувајќи дека во врска со нападот добила информации од министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Сихофер, министерката за правда, Кристин Ламбрехт, премиерот на сојузната покраина Хесен, Волкер Буфиер и од градоначалникот на Хесен, Клаус Камински, Меркел рече дека во Брисел, каде што ќе учествува на Самитот на лидерите на Европската Унија (ЕУ), ќе се информира за истрагата и за состојбата на ранетите.  

Меркел рече дека се сретнала и со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, како и дека е премногу рано да се направи точна проценка. Таа нагласи дека ќе се направат напори за да се осветлат сите заднини на овие ужасни убиства.

Наведе дека во моментот многу работи покажуваат дека напаѓачот дејствувал од екстремни десничарски и расистички причини.

Понатаму, германската канцеларка рече дека отровот којшто постои во општеството предизвикал многу злосторства, и ги посочи убиствата извршени од екстремно десничарската терористичка организација НСУ (NSU) во Германија, во периодот 2000 - 2007 година, убиството на регионалниот гувернер на Касел, Валтер Лубке, минатата година, и нападот врз синагога и врз дуќан за донер во градот Хале.

„Германската Влада и сите државни институции ги поддржуваат правата и достоинството на секој поединец во нашата земја. Ние не го разликуваме нашиот народ според потеклото и религијата“, истакна Меркел, додавајќи дека ќе бидат против сите оние што се обидуваат да ја поделат Германија.

Девет лица, меѓу кои и Турци, загинаа во синоќешниот вооружен напад во Ханау, Германија.

Во операцијата организирана од тимот за специјални операции, екстремниот десничарски терорист Тобијас Р. беше пронајден мртов во неговиот дом.

Беше наведено дека напаѓачот Тобијас Р. имал дозвола како ловец и дека зад себе оставил писмо и видео порака.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın