свет

Меркел повика на урамнотежена политика на ЕУ кон Турција

„Турција е наш партнер во НАТО. Навистина е неверојатно тоа што Турција го постигна во згрижувањето на бегалците како, најверојатно, земја со најмногу бегалци во светот“

Ayhan Şimşek   | 30.09.2020
Меркел повика на урамнотежена политика на ЕУ кон Турција

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Европската Унија (ЕУ) да води урамнотежена политика кон Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).

Во обраќањето во германскиот Парламент, Меркел, пред утрешниот самит на лидерите на ЕУ, изрази загриженост поради тензиите меѓу Турција и двете земји членки на ЕУ, Грција и Јужен Кипар, и укажа на важноста од продолжување на соработката со Турција за теми од заеднички интерес.

„Турција е наш партнер во НАТО. Навистина е неверојатно тоа што Турција го постигна во згрижувањето на бегалците како, најверојатно, земја со најмногу бегалци во светот“, рече Меркел и додаде дека Турција згрижува речиси четири милиони бегалци од Сирија.

Утре во Брисел ќе започне дводневен самит на кој лидерите на Европската Унија ќе разговараат за низа меѓународни теми, вклучително и за тензиите во Источниот Медитеран и за идните односи меѓу ЕУ и Турција.

Меркел јасно рече дека нејзината Влада нема да го поддржи грчкиот и кипарскиот предлог за воведување строги санкции кон Турција.

„Мораме многу внимателно да одредиме како можеме да придонесеме за решавање на споровите, но и како можеме да најдеме начин да ја зајакнеме нашата соработка. Мораме да го ребалансираме нашиот однос со Турција, но и да ја продолжиме соработката во многу важни подрачја", порача Меркел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın