свет

Мексико: Прогласена вонредна состојба поради загадувањето на воздухот

- Во Мексико е прогласена вонредна состојба поради загадувањето на воздухот предизвикано од пожарите што ги зафати шумите и грмушките во предградијата.

Emre Aytekin   | 15.05.2019
Мексико: Прогласена вонредна состојба поради загадувањето на воздухот ( Volkan Furuncu - AA )

МЕКСИКО  Во Мексико Сити, главниот град на Мексико, прогласена е вонредна состојба поради загадувањето на воздухот предизвикано од пожарите што ги зафати шумите и грмушките во предградијата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Комисијата за животна средина објави дека голем дел од пепелта и цврстите честички, појавени како резултат на пожарите во приградските области, преку воздухот се пренесени во урбаните места. Со тоа, во тие области загадувањето на воздухот се зголемило за 1,5 пати повеќе од дозволените граници, што е штетно по здравјето на луѓето.

Комисијата објави дека во градот е прогласена вонредна состојба и дека ќе се преземат низа мерки за заштита на граѓаните.

Во рамките на мерките, запрени се активностите за чистење на патиштата кои предизвикуваат појава на дополнителна прашина, а исто така забрането е и транспортирање на градежни материјали.

Покрај тоа, во градот ќе се воведе и сообраќаен режим „пар-непар“.

Од друга страна, одложен е натпреварот од Првата фудбалска лига на Мексико (Лига МХ) помеѓу екипите на Америка и Леон, кој требаше да се одигра на стадионот „Азтек“.

Во сооопштито се наведува дека за време на викендот во предградијата на Мексико Сити се случија 45 шумски пожари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.