свет

Мексико го поздрави запирањето на изградбата на ѕидот на границата со САД

„Мексико го поздравува завршувањето на изградбата на ѕидот, иницијативата за имиграција во корист на ДАЧА, како и шансите за двојно државјанство“

Ekipa   | 21.01.2021
Мексико го поздрави запирањето на изградбата на ѕидот на границата со САД

МЕКСИКО (АА) - Мексико ја поздрави одлуката на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден за запирање на контроверзниот проект за изградба на ѕид долж границата помеѓу двете земји на неговиот претходник Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).

На социјалните мрежи, мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард, го поздрави потегот за запирање на изградбата, како и напорите на Бајден имигрантите без документи да станат државјани на САД.

„Мексико го поздравува завршувањето на изградбата на ѕидот, иницијативата за имиграција во корист на ДАЧА, како и шансите за двојно државјанство“, рече Ебрард.

На денот на инаугурацијата, Бајден потпиша меморандум за зачувување на програмата „Одложена акција за пристигнување на децата“ или ДАЧА, која ги штити мигрантите кои пристигнуваат во земјата, како и децата од депортација.

Бајден, исто така, го потпиша и Нацрт-законот за имиграција кој ќе создаде шанса за милиони мигранти да добијат американско државјанство.

Од почетокот, изградбата на пограничниот ѕид беше контроверзна тема што честопати завршуваше со несогласувања помеѓу Мексико и неговиот северен сосед.

„Претседателот Доналд Трамп: Не. Мексико НИКОГАШ нема да плати за ѕидот. Ниту сега, ниту некогаш“, објави на Твитер во 2018 година тогашниот мексикански претседател Енрике Пена Нието.

За време на администрацијата на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, и двајцата лидери пристапија кон темата со поголема дипломатија; Трамп му се заблагодари на Лопез Обрадор за неговата поддршка во испраќањето на трупи за патролирање долж американско-мексиканската граница.

„Сакам да му се заблагодарам за неговото пријателство и неговиот професионален работен однос. Ние, всушност, имавме 27.000 мексикански војници кои во изминатите две години ја чуваа нашата граница“, рече Трамп минатата недела.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın