свет

Луксембург: „ЕУ треба да ја признае Палестина како држава“

„ЕУ треба да ја признае Палестина како држава и да упати силна порака. Тоа е апсолутно неопходно“, нагласи Аселборн, додавајќи дека ваков чекор не е во спротивност со интересите на Израел или САД

Şerife Çetin   | 20.01.2020
Луксембург: „ЕУ треба да ја признае Палестина како држава“

БРИСЕЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, истакна дека Европската Унија (ЕУ) треба да ја признае Палестина како држава и да упати силна порака, јавува Агенција Анадолија (АА).

Аселборн даде изјава за медиумите пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ одржан во Брисел, во чии рамки се состануваат министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Тој подвлече дека што се однесува до израелско-палестинското прашање, Европа секогаш го поддржувала дводржавното решение, во согласност со границите од 1967 година.

„За тоа се потребни две држави, Израел и Палестина“, додаде Аселборн.

Потсетувајќи дека администрацијата на САД неодамна призна дека израелската политика за населените места не е против меѓународното право, Аселборн рече: „Доколку продолжи оваа политика, дводржавното решение ќе се уништи од физички аспект.“

„ЕУ треба да ја признае Палестина како држава и да упати силна порака. Тоа е апсолутно неопходно“, нагласи Аселборн, додавајќи дека ваков чекор не е во спротивност со интересите на Израел или САД.

Запрашан во врска со израелската анексија на Јорданската Долина, Аселборн, алудирајќи на руската анексија на Крим, рече: „Доколку Израел дојде до оваа точка, тогаш повторно ќе се соочиме со состојбата со која се соочивме во 2014 година во друга земја.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın