свет

Лицето кое се обиде да се качи на турското оклопно возило е терорист на ЈПГ/ПКК

Во текот на патролата во еден момент на турско воено возило се качи машко лице кое се обиде да ги испровоцира војниците, а подоцна се утврди дека се работи за терорист на ЈПГ/ПКК

Ahmet Furkan Mercan   | 08.11.2019
Лицето кое се обиде да се качи на турското оклопно возило е терорист на ЈПГ/ПКК

АНКАРА (AA) - Во рамките на договорот од Сочи, турските и руските војници источно од Еуфрат ја одржаа третата заедничка копнена патрола, јавува Anadolu Agency (AA).

Во текот на патролата во еден момент на турско воено возило се качи машко лице кое се обиде да ги испровоцира војниците, а подоцна се утврди дека се работи за терорист на ЈПГ/ПКК.

Приврзнаниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК во текот на денот вршеа пропаганда дека оклопното возило кое им припаѓаше на турските сили, кои со руската воена полиција извршуваа заедничка патрола, предизвика смрт на едно лице меѓу локалното население. Едно машко лице дури се качи на оклопното возило и се обиде да ја отвори вратата, но притоа падна.

Подоцна, на антитурските профили на социјалните мрежи е покрената кампања во врска со ова машко лице кое за себе тврдеше дека е цивил, но на достапните социјални мрежи постојат бројни докази дека тој всушност е терорист на ЈПГ/ПКК.

На една од фотографиите се гледа овој терорист, облечен во цивлна облека, со минофрлачки гранати кои се испалени на територијата на Турција. Ова лице на своите профили на социјалните мрежи има и фотографии во униформа на ЈПГ/ПКК.

Припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК, посебно во текот на операцијата „Извор на мирот", куќите им им припаѓааат на цивилното население ги користеа како бази за минофрлачки и ракетни напади на територијата на Турција.

Освен тоа, терористичката организација ЈПГ/ПКК црквите кои им припаѓаат на малцинските заедници ги претвораше во штабови и во нивните дворови поставуваше минофрлачи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın