свет

Либија: Хафтар ја укина блокадата за производство и извоз на нафта

Хафтар го објави тоа во телевизиски говор, неколку часа откако Либиската национална нафтена корпорација, преку соопштение, се спротивстави на „политизацијата на нафтениот сектор и неговата употреба како чип за политички придобивки“

Mahmoud Mohamed Barakat   | 19.09.2020
Либија: Хафтар ја укина блокадата за производство и извоз на нафта

ЛИБИЈА (АА) - Водачот на нелигитимните сили од истокот на Либија, Калифа Хафтар, вчера најави укинување на блокадата за производство и извоз на нафта, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Хафтар го објави тоа во телевизиски говор, неколку часа откако Либиската национална нафтена корпорација, преку соопштение, се спротивстави на „политизацијата на нафтениот сектор и неговата употреба како чип за политички придобивки“.

„Одлучено е да се продолжи со производство и извоз на нафта со сите потребни услови и процедурални мерки кои гарантираат правична распределба на финансиските приходи од тоа“, рече Хафтар.

Од 17 јануари, странската милиција и групите лојални на пучистот Хафтар, кои се поддржани од Русија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), ги затворија либиските нафтени полиња и постројки.

На 12 август, Либиската национална нафтена корпорација соопшти дека вкупните загуби од блокадата на производството на нафта изнесуваат околу 8,22 милиони долари по 208 дена од присилното затворање од страна на милицијата на Хафтар.

Либиските постројки за производство на нафта имаат капацитет за производство на 1,22 милиони барели нафта дневно, меѓутоа, поради конфликтот во земјата, обемот моментално е намален на помалку од 90.000 барели.

Хафтар ги отфрли сите политички иницијативи за решавање на кризата во земјата, држејќи се до военото решение.

Во својот говор, одметнатиот генерал не ја спомена иницијативата за прекин на огнот во земјата веќе околу еден месец.

Тој нагласи: „Сите иницијативи за решавање на кризата што претходно беа најавени завршија со целосен неуспех [...] Оние иницијативи што беа објавени под слоганите за сеопфатно решение беа фокусирани на споделување на моќта без грижа за граѓаните.“

Хафтар се држеше до военото решение на кризата: „Не ги занемарувајте придобивките за кои војниците ги положија своите животи. Ќе се бориме за зачувување на единството на Либија.“

Во средата, шефот на либискиот Претседателски совет, Фајиз ал-Сараџ, ја соопшти својата намера да ја предаде власта на следната извршна власт до крајот на октомври, потег што беше поздравен и пофален од ОН, САД и Германија.

Ал Сараџ, кој е на челото на меѓународно признатата либиска Влада за национално единство, рече дека тој од формирањето на Владата не работел во едно нормално опкружување, туку дека секој ден бил изложен на замки и заговори и на внатрешен и на надворешен план.

Во Либија владее граѓанска војна од соборувањето на повеќедеценискиот лидер Моамер Гадафи во 2011 година. Во 2015 година беше формирана Влада на национално единство според договорот предводен од ОН, но напорите за долгорочно политичко решение не успеаја поради воената офанзива од страна на силите лојални на пучистот Калифа Хафтар.

ОН ја признаваат Владата предводена од премиерот Фајез ал Сараџ како легитимен претставник на земјата, којашто се бори против нападите на пучистот Хафтар.

Дипломатските напори за постигнување решение за либискиот конфликт сè уште трајат по низата победи на либиската Армија против милициите на Хафтар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın