свет

Либиската Војска напредува кон аеродомот во Триполи

Според безбедносни извори, либиската Војска го расчистила местото Ел Кајех, во близина на аеродромот, од силите на Хафтар

Enes Canlı   | 31.05.2020
Либиската Војска напредува кон аеродомот во Триполи

ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Војска започна операција за ослободување на аеродромот во Триполи, кој е под окупација на милициите поврзани со водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Во соопштението на медиумскиот центар на Операцијата „Вулкан на бесот“ се наведува дека либиските сили започнале акција за заземање на аеродромот во Триполи, што се наоѓа на југот на главниот град.

Артилериските единици во акцијата уништија три воени возила на аеродромот, кои им припаѓале на милициите на Хафтар.

Според безбедносни извори, либиската Војска го расчистила местото Ел Кајех, во близина на аеродромот, од силите на Хафтар.

Либиската Војска напредува кон аеродромот каде што против милициите на Хафтар води жестоки судири.

Либиската Војска изминативе денови остварува големи успеси во борбата против милитантните сили на Хафтар. Милитантите на Хафтар во изминатите неколку дена ја изгубија контролата врз повеќе градови во Либија, вклучувајќи ја и воздушната база „Ал-Ватија“, чие ослободување либиската Војска го оцени како стратешки успех.

Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога беше убиен Моамер Гадафи. Водачот на сепаратистичките сили од источна Либија, Калифа Хафтар, во април минатата година започна напад за заземање на Триполи, што беше спречен од силите на либиската Влада на национално единство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın