свет

Лекари без граници: Секоја вечер над 820 милиони луѓе легнуваат гладни

„Телото може да толерира краткотрајна потхранетост. Телото некое време ги користи мастите, енергијата, витамините и протеините, меѓутоа, со текот на времето залихите се трошат и започнува ПЕМ...æ

Ali Ebubekir Tokcan   | 09.05.2019
Лекари без граници: Секоја вечер над 820 милиони луѓе легнуваат гладни

ИСТАНБУЛ (АА) - Лекари без граници ја започнаа кампањата „Животот е многу евтин“, укажувајќи на овој начин на важноста на исхраната, јавува Anadolu Agency (AA).

Оттаму нагласија дека секоја вечер над 820 милиони луѓе легнуваат гладни. Смртноста на речиси половина деца на возраст под 5 години е поврзана со глад.

Вурал Картал, експерт за детски болести при оваа хуманитарна организација, смета дека потхранетоста кај децата може да доведе до абдоминална дистензија.

„Телото може да толерира краткотрајна потхранетост. Телото некое време ги користи мастите, енергијата, витамините и протеините, меѓутоа, со текот на времето залихите се трошат и започнува ПЕМ (Protein Energy Malnutrition), кој е еден од најважните здравствени проблеми во неразвиените земји“, појасни Картал.

Претседателот на Управниот одбор на „Лекари без граници“, Јахјахан Гунеј, порача дека наместо да го игнорираат тој проблем, решителни се да се борат против гладта во светот.

Потсети дека од 2012 година спроведуваат активности со цел спречување на гладта во светот.

„Во Јемен работат четири, а во Чад еден центар за прехрана“, појасни Гунеј. Со цел борба против тој проблем, ја започнаа и кампањата „Животот е многу евтин“, покрај која планираат да продолжат со работа во помагањето на оние кои се борат против гладта.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın