свет

Латинска Америка: Ковид-19 причина за смртта на 3.459 лица во Бразил, 518 во Мексико

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 3.459 лица во Бразил, 518 во Мексико, 368 во Аргентина, 337 во Колумбија, 323 во Перу, 30 во Чиле, 49 во Еквадор, 23 во Боливија, 32 во Гватемала, 62 во Парагвај и 52 во Уругвај.

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 15.04.2021
Латинска Америка: Ковид-19 причина за смртта на 3.459 лица во Бразил, 518 во Мексико

БОГОТА

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 3.459 лица во Бразил, 518 во Мексико, 368 во Аргентина, 337 во Колумбија, 323 во Перу, 30 во Чиле, 49 во Еквадор, 23 во Боливија, 32 во Гватемала, 62 во Парагвај и 52 во Уругвај.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 3.459 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 361.884.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 73.513, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 13.673.507.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 12.170.771 лице претходно позитивни на Ковид-19.

- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 518 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.113 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 210.812 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.291.246, а досега оздравеа 1.817.866 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19.

Во исто време, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, според „Worldometers“, веб-страницата која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 368 лица од последици предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 58.542. Во истиот период детектирани се 25.157 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.604.157.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.278.486 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.

- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 337 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 66.819.

Во последното деноноќие детектирани се 16.487 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 2.585.801. Во оваа земја досега оздравеа 2.419.265 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 13. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 323 лица од последици предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.486 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.667.737, од кои починаа 55.812 лица, а оздравеа над 1.592.937 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 30 лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се искачи на 24.548.

Во истиот период регистрирани се нови 5.497 случаи на заразување со Ковид-19, така што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 1.094.267, а оздравеа вкупно 1.026.934 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Еквадор

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 49 смртни случаи, вкупно 17.400 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 2.950 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 350.539.

Досега во Еквадор оздравеа 298.604 лица што биле позитивни на коронавирусот.

- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 23 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.108.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 285.291, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.519. Досега оздравеа 234.596 лица позитивни на коронавирусот.

- Гватемала

Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 32 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати достигна 7.089. Во истиот период детектирани се 1.805 новозаразени, вкупно 207.127 од почетокот на епидемијата.

Досега во оваа земја оздравеа 187.894 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.

- Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 62 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.020 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 242.161, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 5.040.

Досега оздравеа 198.473 лица позитивни на коронавирусот.

- Уругвај

Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 52 лица од последици на заразувањето со коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи се зголеми на 1.647.

Во истиот период детектирани се 2.664 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 152.089 од почетокотна пандемијата.

Во Уругвај досега оздравеа 119.388 заразени со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın