свет

Лавров: „САД сакаат да ја поделат Сирија поради нафтата“

- Лавров: „САД бараат големи инвестиции од земјите од Заливот за да се формираат локални власти чија основа ќе ја сочинуваат СДГ и ПЈД. Многу несовесно сакаат да го одделат овој дел од Сирија и да ги контролираат нафтените полиња.“

Emre Gürkan Abay   | 12.11.2019
Лавров: „САД сакаат да ја поделат Сирија поради нафтата“

МОСКВА

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека САД, заради контролата на нафтените полиња, се обидуваат да ја поделат Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Многу несовесно сакаат да го одделат овој дел од Сирија и да ги контролираат нафтените полиња“, нагласи Лавров.

Лавров во својот говор на Парискиот мировен форум што се одржува во Франција, се осврна на најновите случувања во Сирија.

Истакнувајќи дека благодарение на процесот Астана, инициран од Русија, Турција и Иран, во Сирија е овозможен дијалог меѓу режимот и опозицијата, Лавров рече: „Во тоа време единствената опозиција која е промовирана од страна на Западот, ја сочинувале имигранти од Истанбул, Ријад, САД и Европа. Тие беа претставени како партнери за дијалог. Потоа Русија, Турција и Иран им овозможија да седнат на заедничка маса на оние што се борат за Владата и на оние што се против Владата.“

Лавров посочи дека САД им забрануваат на Европската Унија (ЕУ) и на НАТО да инвестираат во области во Сирија кои се контролирани од страна на режимот.

„САД бараат големи инвестиции од земјите од Заливот за да се формираат локални власти чија основа ќе ја сочинуваат СДГ и ПЈД. Многу несовесно сакаат да го одделат овој дел од Сирија и да ги контролираат нафтените полиња“, нагласи Лавров.

Потсетувајќи дека пред почетокот на операцијата „Извор на мирот“ се водени преговори помеѓу Турција и САД, Лавров нагласи:

„САД се обидоа да преговараат со Турција, а откако не се договорија на Курдите, им рекоа: ’Ние си одиме, веќе сте сами.‘ Потоа истакнаа: ’Повеќе немаме обврска кон Курдите, но се враќаме за нафтата, а не за Курдите.‘“

Лавров, оценувајќи ја потребата Курдите од Сирија да учествуваат во политичкиот дијалог, истакна:

„Но Курдите од Сирија треба да бидат доследни. Потпирајќи се на американската поддршка, ја формираа Федерацијата Рожава. Претпоставуваа дека САД секогаш ќе ја поддржуваат таа сепаратистичка одлука. Ние се обидовме да им објасниме дека треба да разговараат со Дамаск, но тие не беа заинтересирани. Сега Курдите бараат помош од нас за дијалог со Дамаск. Ние сѐ уште бевме подготвени да ги поддржиме, но сега кога САД се вратија назад за нафтата, повторно почнаа да не се интересираат за дијалог. Потребна е доследност. Курдите се претставени во Комитетот во Женева, но таму го нема ПЈД; го знаете пристапот на Турција кон ПЈД. На оваа тема треба да се пријде детално. Во рамките на територијалниот интегритет на Сирија, сите клучни играчи мора да бидат на маса.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın