свет

Лавров: „Русија на секое ниво ќе ги продолжи разговорите со Турција во врска со Идлиб“

„Не поставивме нови услов на разговорите со Турција. Веруваме дека треба да го имплементираме сето она за кое се договорија нашите лидери“

Elena Teslova   | 19.02.2020
Лавров: „Русија на секое ниво ќе ги продолжи разговорите со Турција во врска со Идлиб“ Фото: Sefa Karacan/AA

МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Турција на секое ниво, во врска со тензичната состојба во сириската северозападна област Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Дводневните консултации меѓу делегациите на двете земји, кои беа одржани во Москва оваа недела, завршија без заклучок“, изјави Лавров, кој говореше на прес-конференција во Москва, по состанокот со неговиот јордански колега Ајман Сафади.

„Не поставивме нови услов на разговорите со Турција. Веруваме дека треба да го имплементираме сето она за кое се договорија нашите лидери“, изјави Лавров.

Тој го нарече условот за разделување на опозицијата од терористите клучен договор за Идлиб, додавајќи дека терористите не можат да бидат дел од примирјето.

Другата точка на која Русија инсистира е повлекување на сето тешко вооружување и милитантите од демилитализираната зона, која се наоѓа во деескалациската зона во Идлиб.

Говорејќи во врска со нападите на режимските сили во Идлиб, Лавров потврди дека тие одговориле на провокациите и дека таквите потези не ги прекршуваат договорите за прекин на огнот во Идлиб.

Тој исто така потврди дека Дамаск презел контрола над автопатите М4 и М5, во согласност со договорот на Путин и Ердоган за Идлиб.

„Говорам детално во врска со ова, бидејќи прикривањето на она што се случува остава впечаток дека никој не се сеќава на она што беше договорено во септември 2018 и октомври 2019 година. Според коментарите на некои западни претставници, можеме да добиеме впечаток дека во Идлиб во тоа време, Русија и Турција се согласиле едноставно да се замрзне ситуацијата, да не се допираат терористите таму, да ги остават да прават што сакаат, отворајќи оган на сѐ од оваа т.н. деескалациска зона“, изјави тој.

Лавров нагласи дека никој никогаш не им ветил на терористите дека ќе бидат безбедни во зоната на Идлиб.

„Ние ќе продолжиме да ја разгледуваме моменталната состојба со нашите турски колеги, на начини да го имплементираме она за што се договоривме, не во смисла на повторно создавање на оригиналната состојба пред една и пол година, туку во однос на спроведување на договори во врска со резултатите што ги спомнав.“

„Ние сме подготвени да работиме на кое било ниво, вклучително и на највисоко, како што е наведено во коментарите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Но досега јас не сум видел никакви упатства за подготовка на средба на претседателите“, рече Лавров.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека започнувањето на прекуграничната операција во Идлиб од страна на Турција е само прашање на време.

„Средбите со руските власти за ставање крај на крвопролевањето во Идлиб не успеаја да дадат резултати“, рече Ердоган.

На 10 февруари, пет турски војници загинаа и петмина беа повредени во гранатирањето на режимските сили во Идлиб, по сличниот напад минатата недела во кој загинаа седум турски војници и еден цивил што работеше во турската војска.

Турција се одмазди за двата напади, напаѓајќи голем број цели и неутрализирајќи над 200 војници на режимот на Асад.

Северозападната сириска област Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.

Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое е најмногу напаѓано од страна на режимот.

Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.

Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија над 1.800 цивили.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.