свет

Лавров: „Либиските разговори во Москва се подготовка за конференцијата во Берлин“

„Никогаш не сме укажале дека разговорите ќе ги решат сите проблеми и дека тие ќе бидат последни. Либиските разговори во Москва се подготовка за Берлинската конференција“, истакна Лавров

Dmıtrı Chırcıu   | 15.01.2020
Лавров: „Либиските разговори во Москва се подготовка за конференцијата во Берлин“

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека разговорите за Либија што се одржаа во Москва се подготовка за Либиската конференција што ќе се одржи на 19 јануари во Берлин, главниот град на Германија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Лавров, на конференцијата „Раисина дијалог“, што се одржува во Њу Делхи, главниот град на Индија, даде изјава за либиската криза.

Потсетувајќи дека либиските разговори се одржаа во Москва во понеделникот, Лавров рече: „Никогаш не сме укажале дека разговорите ќе ги решат сите проблеми и дека тие ќе бидат последни. Либиските разговори во Москва се подготовка за Берлинската конференција.“

Лавров, исто така, истакна дека на конференцијата во Берлин треба да се повикаат сите страни од Либија. 

Потсетувајќи дека водачот на нелегитимните вооружени сили во источна Либија, Калифа Хафтар, побарал време за да го потпише договорот за прекин на огнот, Лавров рече: „Не сакаме оваа ситуација да ја драматизираме. Ова се случи и претходно на разговорите во Париз, Палермо и Абу Даби.“

- Криза во либиските разговори во Москва

Договорот за прекин на огнот со заедничка иницијатива на Турција и Русија беше потпишан од легитимната Влада за национално единство (UMH), во присуство на Обединетите нации во Москва.

Страната на лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, Калифа Хафтар, побара еден ден за да го разгледа и да се консултира за договорот.

Утрово руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Хафтар ја напуштил Москва без да го потпише договорот.

Сѐ уште нема официјални информации за тоа дали Хафтар е пристигнат во Либија. Се тврди дека тој е отиден во Египет или во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои го поддржуваат воено, политички и финансиски.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın