свет

Кремљ: Односите меѓу Турција и Русија се развиваат

„Односите со Турција се развиваат. Забраната за туризам нема никаква врска со состојбата на билатералните односи. Ова е целосно поврзано со влошувањето на епидемиолошката состојба во Турција“, истакна Песков.

Ali Cura   | 16.04.2021
Кремљ: Односите меѓу Турција и Русија се развиваат

МОСКВА

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека во последните години меѓу Турција и Русија немало заладување на односите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Песков одговори на прашањето како одлуката за ограничување на летовите од Русија кон Турција ќе влијае на односите меѓу двете земји.

Отфрлајќи ги тврдењата дека односите меѓу двете земји се влошиле во последно време, Песков рече: „Односите со Турција се развиваат. Забраната за туризам нема никаква врска со состојбата на билатералните односи. Ова е целосно поврзано со влошувањето на епидемиолошката состојба во Турција.“

Наведувајќи дека турските власти имаат разбирање за одлуката на Русија, Песков додаде: „Се разбира, нашите турски партнери ја разбираат нашата грижа за нашите граѓани. Всушност, ова е партнерство.“

На прашањето дали оваа одлука ќе придонесе за „заладување“ на односите меѓу двете земји, Песков нагласи: „Се разбира дека нема.“

Потсетувајќи дека Турција воспоставува односи со соседните земји во рамките на суверенитетот на земјите, Песков рече дека средбата меѓу претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Владимир Зеленски е во рамките на билатералните односи меѓу двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın