свет

Кремљ: Во контакт сме со Турција за ситуацијата во Нагорно Карабах

„Ги повикуваме сите страни, особено страните во конфликтот, да дејствуваат со максимална воздржаност и да се откажат од чекорите што можат да предизвикаат идно влошување на ситуацијата“

Dmitri Chirciu   | 28.09.2020
Кремљ: Во контакт сме со Турција за ситуацијата во Нагорно Карабах

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Русија е во контакт со Турција во врска со конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Песков даде изјава за медиумите за тековниот конфликт меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах.

Наведувајќи дека се загрижени за состојбата во Нагорно Карабах, Песков рече: „Ги повикуваме сите страни, особено страните во конфликтот, да дејствуваат со максимална воздржаност и да се откажат од чекорите што можат да предизвикаат идно влошување на ситуацијата.“

„Важно е да се запрат конфликтите, а не да се утврди кој е виновен или не“, рече Песков, додавајќи дека прашањето мора да се реши преку политичка дипломатија.

Песков нагласи дека се во контакт со Турција во врска со тековната ситуација во Нагорно Карабах, рече: „Имавме контакт со Анкара преку Министерството за надворешни работи. Во врска со ова прашање Русија има целосен контакт.“

Наведувајќи дека Русија има добри односи и со Азербејџан и со Ерменија, Песков истакна дека тие покажуваат избалансиран став во врска со ситуацијата во Нагорно Карабах.

Пограничните судири избија вчера откако ерменските сили извршија напади врз азербејџанските цивилни населби и воените позиции во регионот, познат како Нагорно Карабах.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın