свет

Ковид-19: Бројот на починати во Франција зголемен на 3.523, снемува места во болниците

- Директорот на Заводот за здравство на Франција, Жероме Саломон соопшти дека во изминатите 24 часа се откриени 7.578 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на детектирани случаи е зголемен на 52.128.

Yusuf Özcan   | 31.03.2020
Ковид-19: Бројот на починати во Франција зголемен на 3.523, снемува места во болниците

ПАРИЗ

Во Франција во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 499 лица, со што бројот на смртни случаи во таа земја е зголемен на 3.523, јавува Агенција Анадолија (АА).

Директорот на Заводот за здравство во Франција, Жероме Саломон соопшти дека во изминатите 24 часа се откриени 7.578 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на детектирани случаи е зголемен на 52.128.

Тоа е најголем број на смртни и новооткриени случаи во еден ден од појавата на вирусот во Франција.

Саломон исто така изјави дека 5.565 заболени лица се згрижени на одделот за интензивна нега, а досега се излекувани вкупно 9.444 лица.

„Имаме проблем со недостиг на болнички капацитети во регионот Гранд-Ест во кој се Милуз и Стразбур. Наскоро во Германија, Луксембург и другите земји ќе испратиме 121 заразен пациент“, изјави Саломон.

По епидемијата со новиот тип на коронавирусот кој се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот неодамна се прошири во уште најмалку 179 земји и региони низ светот, а Европа стана епицентар на пандемијата, додека Кина излегува од кризата.

Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, од последиците предизвикани од вирусот починаа повеќе од 40.600 лица, а заразени се повеќе од 823.000 ширум светот, додека околу 174.000 лица се излекувани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın