свет

Климатските катастрофи оваа година САД ги чинат повеќе од 100 милијарди долари

- Соединетите Американски Држави (САД) оваа година ги погодија 18 временски и климатски катастрофи кои таа земја ја чинат речиси 105 милијарди долари

Islam Doğru  | 13.10.2021 - Обновена : 15.10.2021
Климатските катастрофи оваа година САД ги чинат повеќе од 100 милијарди долари

ЊУЈОРК

Соединетите Американски Држави (САД) оваа година ги погодија 18 временски и климатски катастрофи кои таа земја ја чинат речиси 105 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според последниот извештај на центарот при Националната управа за океани и атмосфера (NOAA), во САД во првите девет месеци во 2021 година се случија 18 временски и климатски катастрофи, од кои секоја чинеше најмалку милијарда долари.

Наведено е дека минатата година САД ги погодиле 22 временски катастрофи кои нанеле околу 100,4 милијарди долари штета, додека 18 катастрофи во првите девет месеци оваа година чинеле 104,8 милијарди долари.

Исто така е нагласено дека просечното време меѓу таквите катастрофи со штета околу милијарди долари паднале од 82 дена од 1980 година на просечно 18 дена во последните пет години.

Ураганот Ида, кој го погоди североисточниот дел на земјата и државата Луизијана во август, беше регистриран како катастрофа што предизвика најголема штета оваа година со 64,5 милијарди долари. Забележано е дека сушите и шумските пожари во западниот дел на земјата, силниот студ во Тексас и околните држави, како и ураганите, оваа година во просек чинат 18 милијарди долари.

Научниците предупредуваат дека со продолжувањето на климатските промени на планетата, ќе има пошироки и посериозни топлотни бранови, суши, пожари и урагански катастрофи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın