свет

Кина усвои закон за да се спротивстави на санкциите

- Уредбата има за цел да воспостави правна основа за преземање мерки против обидот на другите држави да ѝ наметнат санкции на Кина

Emre Aytekin   | 10.06.2021
Кина усвои закон за да се спротивстави на санкциите

АНКАРА 

Во Кина е усвоена уредбата со која се предвидува да се спротивстави на санкциите со кои државата беше на удар од различни причини, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според наводите на локалните медиуми, Постојаниот одбор на Националниот народен конгрес го донесе т.н. „Закон за санкции“.

Уредбата има за цел да воспостави правна основа за преземање мерки против обидот на другите држави да наметнат санкции на Кина.

Интересно е дека уредбата е усвоена истиот ден кога во Лондон се одржува Самит на земјите Г7, предводен од Соединетите Американски Држави (САД), со кои Кина е во затегнати односи.

Кина во последно време е во затегнати односи со САД и западните држави поради тврдењата за кршење на правата над муслиманското малцинство Ујгури кое живее во автономниот регион Ксиџијанг и поради активностите кои се сметаат за закана за безбедноста на Тајван и другите региони.

САД, Велика Британија, Канада и земјите членки на Европската Унија (ЕУ) одлучија да ѝ воведат санкции на Кина на почетокот на оваа година поради случувањата во кинескиот автономен регион Ксиџијанг во кој живеат Ујгурите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın