свет

Кина минатата година основа 44.000 компании во странство

„До крајот на минатата година, кумулативните кинески излезни странски директни инвестиции достигнаа 2,2 билиони долари, на трето место во светот, по САД и Холандија“

Islam Uddin   | 16.09.2020
Кина минатата година основа 44.000 компании во странство

АНКАРА (АА) - Кинеските инвеститори во 2019 година основаа околу 44.000 претпријатија во над 80 отсто од земјите во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според „Глобал тајмс“, излезните странски директни инвестиции на Кина во 2019 година изнесувале вкупно 136,9 милијарди долари, за 4,3 отсто помалку од претходната година, но Пекинг сепак остана втор во светот по странските инвестиции, по Јапонија.

„До крајот на минатата година, кумулативните кинески излезни странски директни инвестиции достигнаа 2,2 билиони долари, на трето место во светот, по САД и Холандија“, пишува весникот, повикувајќи се на податоците од Министерството за трговија, Националниот завод за статистика и Државната девизна управа.

Според официјалните податоци, кинеските инвестиции, кои опфаќаат 188 земји и региони низ светот, заедно со Иницијативата „Еден појас, еден пат“, исто така, забележаа стабилен раст минатата година, со што вкупните инвестиции на земјата во Иницијативата „Еден појас, еден пат“ во периодот помеѓу 2013 и 2019 година изнесуваат 117,3 милијарди долари.

Иницијативата „Еден појас, еден пат“ на Кина е амбициозна програма за поврзување на Азија со Африка и Европа преку копнени и поморски мрежи преку шест коридори, со цел подобрување на регионалната интегрираност, зајакнување на трговијата и стимулирање на економскиот раст.

Иницијативата „Еден појас, еден пат“ географски опфаќа над 70 земји, околу 65 отсто од светската популација и околу една третина од светскиот бруто домашен производ (БДП).

Според податоците, кинеските директни инвестиции во земјите домаќини и компаниите дадоа придонес не само со вработување на 2,27 милиони странски работници, туку и со плаќање даноци во износ од 56 милијарди долари на земјите и регионите каде што работат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın