свет

Кина: Во април клинички испитувања на вакцината против коронавирусот

Податоците на здравствените институции покажуваат дека во Јапонија се заразени 727 лица, во Јужна Кореја 156, Сингапур 85, Тајланд 35, Малезија 22, Австралија 17, Виетнам 16...

Fuat Kabakcı   | 21.02.2020
Кина: Во април клинички испитувања на вакцината против коронавирусот

ПЕКИНГ (АА) - Клиничкото испитување на вакцината против коронавирусот „Ковид-19“, кој само во Кина усмрти над 2.000 луѓе, ќе започне кон крајот на април, изјави денес Су Нанпинг, заменик-министер за наука и технологија на Кина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што истакна, научниците во земјата, од 20 јануари во преден план го ставаат здравјето и безбедноста на луѓето и спроведуваат научни истражувања со цел со сите средства да ги решат постоечките проблеми.

Во меѓувреме, вирусот е откриен и кај 207 лица во затворот во градот Цининг, во покраината Шандунг. Тестот на 12 февруари беше позитивен кај стражарите во затворот.

По стражарите, коронавирусот е откриен кај 200 затвореници и кај 7 службеници на затворот

Со новиот вид коронавирус, кој беше откриен во кинескиот град Вухан, заразени се над 76.700 луѓе. Како последица на заразата починаа 2.224 лица.

Во Кина починаа 2.236 заразени, во Хонгконг 2 лица, во Иран 2, во Јапонија 3 и во Јужна Кореја, Тајван, Филипини и Франција, по едно лице.

Во Кина се заразени 75.465 луѓе, во Хонгконг 69, во Макао 10 и во Тајван, 24 лица.

Податоците на здравствените институции покажуваат дека во Јапонија се заразени 727 лица, во Јужна Кореја 156, Сингапур 85, Тајланд 35, Малезија 22, Австралија 17, Виетнам 16, Германија 16, САД 15, Франција 12, Велика Британија 9, Обединети Арапски Емирати 9, Канада 8, Иран 5, Италија 3, Индија 3, Филипини 3, Русија 2, Шпанија 2, Непал едно, Шри Ланка едно, Камбоџа едно, Белгија едно, Шведска едно, Финска едно и во Египет едно лице.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın