свет

Катарскиот емир Тамим: „Подготвени сме да играме каква било улога за запирање на нападите на Израел“

„Катар е подготвен да игра каква било улога за запирање на нападите и суровоста на Израел врз палестинскиот народ“,истакна ал Тани.

Gülşen Topçu   | 09.05.2021
Катарскиот емир Тамим: „Подготвени сме да играме каква било улога за запирање на нападите на Израел“

КУДС 

Катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал Тани, истакна дека неговата земја е подготвена да игра каква било улога со цел запирање на нападите на израелските сили врз Палестинците, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на палестинската новинска агенција ВАФА (WAFA), Ал Тани телефонски разговарал со претседателот на Палестина, Махмуд Абаз, при што размениле мислења во врска со случувањата во „Ал Акса“, која се наоѓа во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим).

Ал Тани нагласи дека неговата земја стои покрај палестинскиот народ, кој води борба за егзистенција во Кудс и се бори за повторно да ги освои своите права.

„Катар е подготвен да игра каква било улога за запирање на нападите и суровоста на Израел врз палестинскиот народ“, додаде ал Тани.

Тој укажа на важноста на единството од Палестинците и на формирањето влада на национално единство со цел спротивставување на овие напади.

Од друга страна, палестинскиот претседател го информираше Тамим за последните случувања во Кудс, нагласувајќи дека изразил исто мислење со катарскиот емир во врска со обезбедувањето национално единство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın