свет

Камионот за турско кафе низ САД создава мостови меѓу различните култури

Камионот, кој ја промовира Турција преку ваков ангажман, преку културната дипломатија, ќе ги посети Њу Џерси, Мериленд, Вирџинија и Вашингтон, со богата понуда за љубителите на кафето

Ali Murat Alhas   | 10.09.2019
Камионот за турско кафе низ САД создава мостови меѓу различните култури

ЊУЈОРК (АА) - Камион за служење турско кафе ја започна својата промотивна тура низ Њујорк за да ги запознае Американците со традиционалното турско кафе.

Камионот, кој ја промовира Турција преку ваков ангажман, преку културната дипломатија, ќе ги посети Њу Џерси, Мериленд, Вирџинија и Вашингтон, со богата понуда за љубителите на кафето.

Одговорна за проектот е Гизем Шалџигил Вајт, која рече дека идејата е започната не само да се презентира турското кафе во Соединетите Американски Држави (САД), туку и да се изградат мостови помеѓу различните култури.

Вајт рече дека 400 милиони чаши кафе се консумираат во САД секој ден, но дека многумина не знаат за турското кафе.

„Турското кафе во САД се смета за силно, тешко кафе, но всушност не е“, рече таа. „Турското кафе не се служи во САД и затоа не е познато.“

Таа истакна дека со волонтерскиот проект се надева дека ќе создаде побарувачка за турско кафе откако луѓето ќе се запознаат со него.

На илјадници Американци ќе им биде понудено бесплатно кафе, а активистите ќе поттикнат културна интеракција и ќе ја промовираат турската култура служејќи кафе во традиционална турска облека.

На турата ќе се најде и познатиот уметник на минијатури, Хасан Кале, професорот на Катедрата за историја на Универзитетот „Нишанташи“, Гокнур Акчадаг, експертот за гастрономија, Џенк Р. Гиргинол и авторот Ахмет Шериф Изгорен кои ќе одржат презентации за историјата на турската култура и ќе се сретне со креатори на американското јавно мнение.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın