свет

Истражување на израелски универзитет: Турската морнарица е најмоќната морнарица на Источниот Медитеран

„За неколку години флотата на Анкара ќе има зајакнување од 6 напредни подморници, додека Поморските сили на Турција на овој начин ќе поседуваат од 12 до 14 подморници и оваа состојба ќе ѝ даде голема предност на Турција против Израел.“

Zeynep Tüfekçi Gülay   | 17.04.2021
Истражување на израелски универзитет: Турската морнарица е најмоќната морнарица на Источниот Медитеран

КУДС

Во истражувањето извршено од универзитет во Израел се нагласува дека Турската морнарица е најмоќната морнарица на Источниот Медитеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Истражувањето е подготвено од страна на Центарот за политички и стратешки истражувања при Универзитетот „Хаифа“ и е објавено во јануари 2021 година.

Во ова истражување се наведува дека Турската морнарица во последните 20 години го сменила својот лик и моќ.

Според истражувањето, оваа промена во Поморските сили на Турција е резултат на дизајнираната поморска стратегија, и со тоа Турската морнарица станала најмоќната морнарица на Источниот Медитеран.

Во истражувањето се дискутира хипотезата дека зголемената поморска моќ на Турција во иднина ќе претставува потенцијална закана и потенцијален предизвик за Израел, и се упатува предупредување дека администрацијата на Тел Авив треба да ја смета за сериозна оваа можна закана.

„За неколку години флотата на Анкара ќе има зајакнување од 6 напредни подморници, додека Поморските сили на Турција на овој начин ќе поседуваат од 12 до 14 подморници и оваа состојба ќе ѝ даде голема предност на Турција против Израел“, се вели во истражувањето.

Во ова истражување се укажува и на удирачката моќ и способноста за интервенција на Турската морнарица, и се истакнува дека турските Поморски сили ќе ѝ овозможат на Турција уникатна офанзивна способност во Црното Море и Источниот Медитеран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın