свет

Ирачкиот претседател Салих разговараше со Трамп за американското воено присуство во Ирак

„Разговарано е за странското воено присуство во Ирак и за неопходното намалување, како и за барањата на ирачкиот народ за зачувување на националниот суверенитет и јакнењето на безбедноста и стабилноста“

Haydar Karaalp   | 22.01.2020
Ирачкиот претседател Салих разговараше со Трамп за американското воено присуство во Ирак

БАГДАД (АА) - Ирачкиот претседател Бархам Салих разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп во врска со прашањето за присуството на странските воени сили во таа блискоисточна земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од Кабинетот на ирачкиот претседател е соопштено дека Салих се состанал со американскиот колега Трамп во рамките на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос.

Во соопштението се наведува дека Салих и Трамп разговарале за интензивирање на соработката заради јакнење на стабилноста во регионот, како и за потезите потребни за да се спречи сценариото Ирак да стане средиште на нови тензии и судири.

„Разговарано е и за странското воено присуство во Ирак и за неопходното намалување, како и за барањата на ирачкиот народ за зачувување на националниот суверенитет и јакнењето на безбедноста и стабилноста“, се наведува во соопштението.

Во американски воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад на почетокот на годината беа убиени 10 лица, вклучувајќи го и истакнатиот генерал на Иранската револуционерна гарда, Касим Сулејмани и заменик-командантот на ирачките шиитски сили „Хашд ал Шаби“, Абу Махди ал Мухандис.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın