свет

Иран соопшти дека фатен е лидерот на антирежимската група чие седиште е во САД

Иранското Министерство за разузнавање: „Џемшид Шармехд лидерот на терористичката организација Тондер кој вооружените акции и саботажните операции во Иран ги води од САД е фатен од страна на Министерството за разузнавање.“

Ahmet Dursun   | 01.08.2020
Иран соопшти дека фатен е лидерот на антирежимската група чие седиште е во САД

АНКАРА

Иран соопшти дека е фатен лидерот на антирежимската група организирана во Соединетите Американски Држави (САД), која е обвинета и за организирање терористички акти во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение на иранското Министерство за разузнавање се истакнува: „Џемшид Шармехд, лидерот на терористичката организација Тондер кој вооружените акции и саботажните операции во Иран ги води од САД е фатен од страна на Министерството за разузнавање.“

Анти-режимската и про-монархиска организација, позната како „Тондер“ и „Собрание на иранско кралство“,чиј центар е во САД е обвинета за организирање вооружени акции и саботажа низ целата земја. На 12 април 2018 година во терористичката акција во градот Шираз, загинаа 14 лица, а повредени се 215 лица.

Познато е дека Џемшид Шармехд, е лидер на организацијата, и во државата Калифорнија, САД спроведува медиумски активности против Иран.

Во американските медиуми беа објавени информации дека иранското разузнавање се обидело да го убие Шармехд во 2009 година во Лос Анџелес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın