свет

Иран испрати 1,4 милиони барели сурова нафта за Сирија

Експертите гледаат на испораката на нафта за Сирија од страна на Иран како начин за зајакнување на неговата регионална позиција и како дел од заложбата на Иран за задржување на Асад на власт

Nuran Erkul Kaya   | 10.06.2021
Иран испрати 1,4 милиони барели сурова нафта за Сирија

АНКАРА (АА) - Во сириското пристаниште Банијас во наредните 24 часа се очекува да пристигнат уште 1,4 милиони барели иранска сурова нафта, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„За приближно 24 часа од сега, првите два од трите танкери ќе пристигнат во Банијас, Сирија, со околу 1,4 милиони барели иранска сурова нафта“, соопштија од компанијата за следење на поморската испорака на сурова нафта „Танкер тракерс“.

„Дополнителни околу 300.000 барели се наоѓаат во Суецкиот Канал“, соопшти компанијата.

„На танкерите им е наложено првин да го почекаат доказот за извршена исплата пред да ја завршат испораката“, велат од „Танкер тракерс“.

Испораката се реализира откако Иран испрати околу 5 милиони барели сурова нафта во Сирија во текот на последните неколку месеци како одговор на растечката криза за гориво од средината на март кога терористичката организација ЈПГ/ПКК го прекина снабдувањето со нафта поради акумулиран долг од страна на режимот на Башар ал Асад.

Иран ја продолжи поддршката за Асад со испорака на над 3 милиони барели нафта со четири танкери - „Арман 114“, „Сам 121“, „Даран“ и „Ромина“ и уште 1,5 милиони барели сурова нафта во мај.

Експертите гледаат на испораката на нафта за Сирија од страна на Иран како начин за зајакнување на неговата регионална позиција и како дел од заложбата на Иран за задржување на Асад на власт.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın