свет

Иран: Завршено 13-годишното ембарго на ОН за трговијата со оружје

„Иран од денес, без никакви ограничувања и во согласност со потребите, може да ги купува сите видови конвенционално оружје и воена опрема, како и да извезува производи од наменската индустрија“, се наведува во соопштението од Техеран

Ahmet Dursun   | 18.10.2020
Иран: Завршено 13-годишното ембарго на ОН за трговијата со оружје

ТЕХЕРАН

Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека на полноќ е завршено ембаргото, што Обединетите нации го воведоа за Иран во 2007 година, и дека Иран од денес може да тргува со сите видови конвенционално оружје, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека престанале да важат и меѓународните санкции за бројни ирански функционери, а сето тоа благодарејќи на нуклеарниот договор кој Иран во 2015 година го постигна со групата П5+1, што ја сочинуваат пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија.

„Иран од денес, без никакви ограничувања и во согласност со потребите, може да ги купува сите видови конвенционално оружје и воена опрема, како и да извезува производи од наменската индустрија“, се наведува во соопштението од Техеран.

Нуклеарниот договор од 2015 година предвидува укинување на санкциите за Иран, а имплементацијата ја загрози едностраниот потег на САД, кои во 2018 година се повлекоа од договорот и наметнаа значително поостри санкции на Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın