свет

Ирак: Убиени 15 терористи на ДЕАШ

Полициски службеник во Полициската дирекција во Салахадин за АА истакна дека во рамки на операцијата која била воздушно поддржана, во северниот дел на градот настанал судир меѓу терористите на ДЕАШ и безбедносните сили

Ekipa   | 10.09.2019
Ирак: Убиени 15 терористи на ДЕАШ

САЛАХАДИН (AA) - Во операциите извршени во ирачката покраина Салахадин, од страна на безбедносните сили убиени се 15 терористи припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Нуман ел Џубури, полициски службеник во Полициската дирекција во Салахадин, во изјава за АА истакна дека во рамки на операцијата која била воздушно поддржана, во северниот дел на градот настанал судир меѓу терористите на ДЕАШ и безбедносните сили.

Џубури информираше дека во судирот биле убиени 15, додека 9 терористи биле фатени.

Ирачките сили во декември 2017 година соопштија дека целосно ги повратиле ирачките територии кои веќе три години беа под окупација на терористичката организација ДЕАШ, вклучувајќи го и подрачјето на Мосул.

И покрај тоа, ДЕАШ и понатаму е присутна во руралните подрачја на ирачките покраини Енбар, Дијала, Киркук, Салахадин и Мосул, каде што врши напади врз безбедносните сили и цивилите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın