свет

Ирак соопшти дека Франција ги повлекла своите војници од коалициските сили

Портпаролот на ирачкиот премиер, Халеф, не ја образложи причината за повлекувањето на француските војници од Ирак

Ali Semerci   | 25.03.2020
Ирак соопшти дека Франција ги повлекла своите војници од коалициските сили

БАГДАД (АА) - Франција ги повлече своите војници од меѓународните коалициски сили за борба против терористичката организација ДЕАШ, предводени од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што јави ирачката официјална агенција „ИНА“, Абдулќерим Халеф, воениот портпарол на премиерот и главниот командант Адил Абдулмеди, кој поднесе оставка на 29 ноември 2019 година поради демонстрациите во земјата, рекоа дека француските сили од коалицијата против ДАЕШ го напуштиле Ирак.

Портпаролот Халеф не ја образложи причината за повлекувањето на француските војници од Ирак.

И чешкото Министерство за одбрана денес соопшти дека ќе ги повлече своите трупи од Ирак, по зголемената опасност поради коронавирусот и нападите насочени кон коалиционите сили.

Според најновите информации во Ирак, бројот на лица кои починале од Ковид-19 е 28, а бројот на заболени 316.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın